Хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ и во Струмица

Од:

На три локации во Струмица денеска се спроведува хумантирната акција „Нахрани 10.000“. Акцијата во Струмица ја реализираат Општинската организација на Црвениот крст и Здружението „Вера“.

Според Анче Николова Туфекчиева од Здружението „Вера“, граѓаните на Струмица како и многупати досега ја покажуваат својата хуманост.

– Граѓаните донираат нерасиплива и конзервирана храна и се надевам дека во наредните 3-4 денови ќе можеме да ги поделиме пакетите на социјално загрозени семејства, кои во моментот не можат да си обезбедат повеќе од еден оброк, како и на семејства во кои живеат лица со попреченост. Се надевам дека ќе собереме доволна храна за да можеме да направиме барем четириесетина пакети, рече Николова Туфекчиева.

Најави дека ќе продолжат да ја организираат акцијата секој нареден месец за да може да им се помогне на социјално ранливите семејства.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

ДУИ знаела дека прима преголеми донации, но парите не ги вратила веднаш, утврди Антикорупциска

Орце Костов

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

Орце Костов

Апел за помош на Никола Ѓорѓиев

Ана Ололовска

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска