Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Од:

На граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата во Крушево, кандидатот за градоначалник Томе Христоски ги презентираше своите планови и достигнувања, нагласувајќи дека Крушево е симбол на заедништво, напредок и визија.

– Сите сме собрани заедно со една голема причина да ја потврдиме довербата што ја градевме заедно изминативе години. Да покажеме дека Крушево е симбол на заедништво, напредок и визија. Јас сум горд што сум вашиот градоначалник, горд што сум вашиот кандидат за нов мандат и горд што зад мене стои тим советници од СДСМ партијата која секогаш знаела да води, да создава и да реализира со дела токму тука во Крушево, истакна Христоски.

Во своето обраќање, тој ги посочи клучните проекти реализирани во изминатите години како што е изградба на резервоари и пумпни станици, реконструкција на фекална и атмосферска канализација во околните села, современ мониторинг на водоснабдувањето и обезбедување на чиста вода, реконструкција на патишта до природни легенди како Крушевско Езеро и Мечкин Камен, како и локални и регионални патишта и други.

Христоски нагласи дека успешните проекти се резултат на заедничка работа и посветеност, а дека иднината носи нови амбициозни планови:

-Ова е нашата визија Крушево кое е модерно, европско, напредно, чисто и полно со живот. Ова не е само програма, ова е животна шанса за секој од нас. Разликата е јасна – каде беше Крушево до 2017 и каде е денес. Денес е модерен град, гордост и симбол на Македонија, подвлече Христоски.

Тој ги повика граѓаните од сите етнички заедници на 19 октомври заедно да го дадат својот глас за продолжување на развојот и напредокот на Крушево.

-Јас не ветувам невозможни работи. Јас ја ветувам истата чесност, иста енергија и иста борбеност како и изминативе осум години. Ветувам дека ќе бидам вашиот глас, вашиот сојузник и вашиот искрен и отворен градоначалник, како и досега. Сега е моментот повторно да застанеме заедно. Да го зачуваме она што го изградивме и да продолжиме уште посилно, уште похрабро и уште поодлучно. Најдоброто за Крушево допрва доаѓа, порача Христоски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он