Европратеникот Ричард Ховит кој е во посета на Македонија, денеска се сретна со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
– Се сретнав со специјалната обвинителка и бев во силно обезбедената просторија каде што материјалите од прислушувањето безбедно се чуваат – напиша на Твитер профилот Ховит, каде е објавена и заедничка фотографија со Јанева.
Тој денеска на прес конференција во Скопје изјави дека за него и за ЕУ едобар предлогот од невладиниот сектор да се формира специјално судско одделение кое ќе постапува со предметите што ги покренува СЈО.