Хоспитализиран тетовец со убодни рани и расекотини

Од:

Триесет и осумгодишен тетовец ноќеска се здобил со убодни рани во градниот кош и расекотини на стомакот и главата.

Како што информираат од МВР, ноќеска 40-минути по полноќ во Полициската станица Тетово од тетовскиот Клинички центар е пријавено дека бил донесен тетовецот Б.Е.(38) со здобиени убодни рани во градниот кош и расекотини на стомакот и главата.

Поради сериозноста на повредите Б.Е. бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена