Хорор во Дортмунд: Македонец ја избодел поранешната партнерка пред трите деца

Од:

30-годишна жена била брутално убиена од својот поранешен партнер, македонски државјанин, кој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три деца, соопштува германскиот весник Билд.

Според информациите, жената планирала да се раздели од насилниот партнер и да започне нов живот. По нападот, сторителот побегнал, оставајќи ја жената тешко повредена во ходникот. Децата, на возраст од 3, 4 и 6 години, побарале помош од соседите, кои ја известиле полицијата.

Жртвата неодамна се преселила со своите деца во нов дом во Дортмунд за да се заштити од партнерот, но, за жал, настанот завршил трагично. Полицијата го уапсила осомничениот на автопат во Вирцбург, додека се обидувал да побегне кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, каде се чека на негово префрлување назад во Дортмунд.

Децата биле згрижени од социјалните служби и примиле медицинска помош во детска клиника.

Би можело да ве интересира

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото