Хонорарци: Во министерството да ги побараме одговорите што ни ги должат!

Од:

Хонорарците, незадоволни од решенијата на власта за уплатата на придонеси за хонорари, се организираат, наредниот петок, 6 февруари 11.00 часот да одат во Министерството за труд и социјална политика каде ќе побараат одговори за сите нејаснотиите.

Еве што пишуваат:

ajdepovik

Ајде хонорарци да одиме во МТСП и да си ги побараме одговорите што ни ги должат!

Цел јануари многумина од нас не добија хонорар, АЈДЕ ДА ПРАШАМЕ!

На некои им прекина авторскиот договор АЈДЕ ДА ПРАШАМЕ!

Не не прашуваа кога решаваа во лето да сменат 5 закони, ајде сега НИЕ да ги ПРАШАМЕ!

Петок, 6 февруари 11.00часот. Министерство за труд и социјална политика.

Имате формулари.

Имаме ПРАВО на одговори!

ДЕТАЛИ ЗА НАСТАНОТ

Секој хонорарец поднесува барање за информација од јавен карактер до министерството по што им се придружува на останатите кои стојат пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа. Урнекот на барањето за информации од јавен карактер наскоро ќе биде закачен.

Инаку, измените на петте закони со кои секој хонорар повисок од минималната плата ќе се плаќаат придонеси стапија на сила на 1 јануари годинава.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Хонорарец: Само по шалтери одиме и пак останавме без здравствено осигурување

Ана Ололовска

АЈДЕ!: Над 5.500 потписи за оспорување на уставноста на законите за хонорарците

Ана Ололовска

Акцијата на АЈДЕ! за оспорување на законот за хонорарци поддржана од над 2.000 граѓани за 4 дена

Ана Ололовска

„Солидарност“: Власта да ги повлече измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Граѓаните се потпишуваат – Уставен суд да ги поништи законите за хонорарците

Ана Ололовска