Холандски активисти заинтересирани за соработка со Општина Охрид во полето на социјалната политика

Од:

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, денес оствари средба со претставници на Холандската организација АЛЕСКОН, од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика.

Средбата се реализира на големата заложба на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија.Гостите од Холандија без запознати со социјалните политики на Општина Охрид и проектите кои општината ги спроведува во оваа област. На средбата се зборуваше за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко ползување на европските фондови за одредени проекти.

Гостите од Холандија го посетија и дневниот центар „ЗРАЦИ“ и изразија подготвеност да го помогнат центарот во неговите активности. Се очекува во наредниот период засилена кореспондеција на Општина Охрид со АЛЕСКОН и градот Асен и конкретизирање на соработката со заеднички проекти.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Холандија се откажува од Евровизија

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија