Холандија и Македонија одбележуваат 25 години дипломатски односи

Од:

На 16 декември холандската амбасада организираше прием по повод 25 години дипломатски односи меѓу Кралството Холандија и Република Македонија, воспоставени на 16 декември 1993 година со размена на дипломатски ноти меѓу тогашните министри за надворешни работи Петер Којманс и Стево Црвенковски.

„Холандија останува строг и правичен пријател на Македонија. Бидејќи вистинските пријатели секогаш ќе бидат искрени со вас и истовремено ќе ви ја понудат и својата помош. Бидејќи сакаме да ја видиме Македонија како наш директен и рамноправен партнер во ЕУ и НАТО“ – изјави амбасадорот Ваутер Пломп, заблагодарувајќи им се на своите претходници, тимот на амбасадата и македонското општество кое ја прави Македонија одличен домаќин.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја истакна важноста на пријателскиот однос и поддршката од холандската влада во текот на изминатите 25 години: „Холандија е пријател кој секогаш директно ги кажува нештата кои треба да се кажат. Доколку ги слушнеме, заедно со нашите холандски пријатели можеме да се осигураме дека македонското лале ќе започне да цвета во смисла на започнување на нашата европска приказна“ – изјави тој.

Во текот на настанот гостите за првпат ги погледнаа видеата кои за оваа пригода ги подготви „Види вака“, со фокус на севкупната соработка меѓу двете држави, а особено на полето на економијата, туризмот, владеењето на правото, културата и велосипедизмот.

Во последните 25 години Холандија има инвестирано преку 250 милиони евра како поддршка за македонските институции, приватниот сектор, граѓанското општество, медиумите, културата и образованието.

На годишно ниво околу 30.000 холандски туристи го поминуваат својот летен одмор во Македонија, а тука се регистрирани и над 180 холандски компании

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија