Во холандскиот град Верден, во близина на Утрехт, се случи експлозија во станбена зграда, предизвикувајќи пожар, по што куќите во околината беа евакуирани.
Службата за безбедност на градот Утрехт објави дека нема повредени, објавува денес NL Times.
Пожарникарите успеаја брзо да го изгаснат пожарот, но пламенот и експлозијата предизвикаа значителна штета на зградата.
„Фасадата и прозорците се скршени. Постои ризик делови од фасадата да паднат“, објави Службата за безбедност.
Службата затоа го блокираше подрачјето и евакуираше 24 куќи во околината.
На жителите на евакуираните куќи им беше понудено засолниште во блиската спортска сала.
На некои жители им беше понудено да се вратат во своите домови, но куќите околу погодениот стан се уште се небезбедни.
Причината за експлозијата е сè уште под истрага.
