Холандија заплени 23 милиони електронски цигари и стотици илјади вајпови

Од:

Холандските власти запленија речиси 220.000 нелегални електронски цигари и повеќе од 50.000 кутии никотински кесички, додека Службата за финансиско разузнавање и истрага (FIOD) исто така заплени 23 милиони нелегални цигари, објавија денес надлежните институции.

Акцијата беше спроведена во текот на изминатата недела на повеќе локации, вклучувајќи компанија во покраината Јужна Холандија и магацин во Северен Брабант, според NL Times.

Според Холандскиот орган за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA), запленетите електронски цигари или вaјпови имале овошни и слатки вкусови, кои се забранети во Холандија, како и никотински кесички.

„Електронските цигари и никотинските кесички ќе бидат уништени на трошок на сопственикот“, објавија властите.

Проценките покажуваат дека, доколку овие стоки завршеа на пазарот, холандскиот буџет ќе беше оштетен за околу 9 милиони евра поради акцизи.

Јавното обвинителство на Холандија изјави дека го презема случајот и ќе ја продолжи истрагата против осомничените и мрежите што стојат зад шверцот.

Би можело да ве интересира

Автомобил удри во група деца на велосипеди во Холандија – тројца загинаа

А1он

Рестрикциите за никотински производи предизвикаа побуна кај Европејците – „Ќе не вратите на цигари“, „Не’ оставате на банди“…

Холандија има повеќе од 2.500 стогодишници, мнозинството се жени

А1он

MIVD: Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност

Меѓународни искуства покажуваат: алтернативите на цигарите носат побрз пад на пушењето

А1он

Експлозија го потресе центарот на Утрехт, пожарникарите се борат со пожарот, неколкумина се повредени

Горан Наумовски