ХК: Уставниот суд работи под притисок на власта

Од:

Уставниот суд е затворена и нетранспарентна институција во која граѓаните немаат доверба, оценил Хелсиншки комитет за човекови права. Бројот на иницијативи кои стигнале до Уставен и предмети кои судот ги завршил, се за 60 отсто помалку од 2011 година.

Хелсиншки комитет правејќи анализа од набљудувања на 30 седници на Уставниот суд, заклучил дека мнозинството судии носат одлуки под притисок на власта. Доколку политиката притисне Уставниот суд експресно решава иницијативи и тоа во контрадикторност со исти постапки за кои веќе е одлучено

Показател за ова според Хелсиншки била иницијативата на законот за помилување, која според извештајот на Хелсиншки била најкратката во историјата на судот и траела само 40 дена.

Хелсиншкиот комитет забележал влијание од страна на власта и во постапката по иницијативата за предвременото распуштање на Собранието. Уставниот суд, најпрвин се прогласи за ненадлежен, но подоцна ја укина одлуката.

Деновиве судот е под притисок на партиите и Шарената револуција кои бараат да се произнесе по иницијативата за Специјалното јавно обвинителство, а судот е на одмор до септември.

Анализата на Хелсиншки покажала дека овој начин на нестручно, брзо и несоодветно работење на судот се случува по поставување на група судии на чело со претседателката Елена Гошева која го затвори судот за јавноста.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

Дискриминација на пензионерите во странство – Законот за пензиите пред Уставен

Катерина Ѓуровски

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски