Хигсовиот Бозон и кисели крастајци

Од:

Не сум ни оџа ни поп, а ни Папа Павле. Обичен смртник растен крај баба и дедо и филозофиите дека „дедо господ‘‘, Аллах гледа се и треба да внимаваме да не правиме лоши нешта. И после пеесет години „у ауспух‘‘, сеуште во подсвеста ги носам муабетите за „аллах баба‘‘ ( дедо боже) за кои дедо ми со саати ми праеше муабет.

Нејсе, тоа е мое право на избор дали ке помнам или не и, дали ке верувам во сето тоа, иако длабоко навлегов во изучувањето на природноматематичките науки та знам дека сијалицата не ја пали господ туку електричната енергија. Нејсе. Деновиве, а со откривањето на т.н. „божјата честица“, маса атеисти научници кои се скарале со бога запнале да урлаат „еве нема господ“, се е материја.

Апсолутен респект и почит за напредокот на науката, технологијата, сознанијата и откривањето на универзумот во негова најдетална смисла. Поборник сум на идејата дека еден ден дефинитивно на оваа галаксија треба научно да и се „симнат гаките“ и да знаеме дали по млечниот пат има семафори или не. Арно ама, она што не ме бендисува во целата оваа теорија на „се е материја“ е агресивниот агностички контрамаркетинг на бога и неговата приказна. За оние што се неупатени во зборот агностицизам, тоа претставува филозофско верување дека се што е религиско треба да се докаже и научно за да може да има подлога за верување.

Агностицизмот подразбира скептицизам кон религијските верувања. Седум милијарди човечки битија има на планетава земја 2012-тава година. Секој има право да мисли и верува во што сака. Па и јас, нели. Се обидувам со наједноставни зборови во колумнава да се изначудам како ли некој таму научник ќе успее да планетарниов сеирџиски аудиториум да му докаже дека бог не постои? Како прво, пресмела е изјавата на одредени научници да излезат и да кажат ( парафразирам) „а бе, глупаци ни едни религиозни, еве од што е создадено се, а не од вашиот господ“.

Како прво, со тоа фрлаат голема ракавица во лицето на теолозите за отворена дискусија што е што во постоењето на светот. Како второ, религиозниот фанатизам кој се повеќе зема замав во последно време се навлекува како отворен и смртоносен непријател, поготово водени од фактот дека религијата и се околу неа контролира две третини од населението на планетава. На овој или оној начин. Трето, јас не сум и адвокат на религијата, ама колку и да тврдат научниците дека е пронајдена честичката која врзува се, која е најмала, од која нема више понатаму… тогаш јас ќе им пуштам некој од планина неписмен да ги праша „а, неа кој ја создал“!?!

Науката напредува со галопирачки чекори. И фала му на бога за тоа. На крајот на краиштата, од сето тоа бенефит ќе има човештвото. Јавна тајна е дека по светските лоаборатории се откриени толку многу нешта, кои ако се објават ќе предизвикаат револуционерни промени во животот на човекот.

Но, сеуште никој не допрел до феноменот на оној момент кој вели „биди живо суштество“! Ќе наведам еден пример. Науката точно знае од колку елементи и во кој состав и сооднос се материите од кои е изградено човечкото битие. Некој неписмен ќе рече ете ви, ако знаете имате се во лабораторија, е сега напрајте жив човек. Трт Милојко! Е, тука фали некој од страна да рече „нека има живот“! Се додека некој нема да излезе со официјален доказ што е тоа што ја изрекува таа наредба, за мене нештата не се начисто. И нема легитимно право да тврди дека не постои бог! Постои Хигсовиот Бозон! Крастајци криви, кисели!

Од кога постои човекот постои еден феномен на верување во нешто. Па макар било тоа и во обичен камен како божество. Низ историјата на човештвото нештата еволуирале во разни правци, но верувањето дека постои сила вон нашиот домен на разбирање сеуште постои и ќе постои. Сигурен сум, како следбеник на идејата за технолошка и научна еволуција дека многу нешта ќе се демистифицираат, но, не сум следбеник на податокот дека некој и некогаш ќе потврди дека бог не постои. Што е тоа што некој го нарекол бог? Кога научниците ке го дефинираат, нацртат, измерат, тогаш нека се јават, а не да тврдат дека „еве, ова е тоа што покажува дека не постои бог“! Кој го ссоздал научникот Хигс? Татко му.. а наназад предците, а нив Бозонот. А кој го создал Бозонот. Големата експлозија. А неа? Велат се создало „од ништо“! Ок! А дали научниците ја знаат теоријата на Ајнштајн, кој вели дека Ништо не значи потполно ништо, туку само одсуство на нешто. Мракот не значи дека не постои светлина, туку мракот е само отсуство на светлина!

И така, додека во дваесет и првиот век се донесуваат сериозни заклучоци дека бог не постои, никој и со ништо не успева да докаже што е тоа што изустува.. „и нека биде живот‘‘! Се останато барем уште долго ќе биде „драпај си меот‘‘! А на научниот свет респект и почит!

Агим Јонуз

 

 

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска