Харадинај по средбата со Мендух Тачи: Успешен референдум е во интерес на Албанците во Македонија

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска се сретна со лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) во Македонија Мендух Тачи, по што порача дека „Албанците треба да се определат за Македонија во ЕУ и НАТО“, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Денеска имав прилика да се сретнам официјално со Мендух Тачи и да поразговараме за актуелните теми тука и во Македонија, а посебно за заедничката тема – Албанците. Велиме „да“ за референдумот во Македонија и за нејзиното зачленување во НАТО, изјави Харадинај по средбата.

Гласот „за“ на референдумот за името на Македонија, според Харадинај, е во интерес на Албанците и на стабилноста во регионот, додека евро-атлантската ориентација е гаранција за нивната иднина.

Лидерот на ДПА изјави дека партиите на Албанците во Македонија работат за обезбедување позитивен резултат на референдумот од 30 септември.

– Главно прашање за кое разговаравме денеска беше референдумот во Македонија. Тоа е историски момент за Албанците во Македонија и сите албански политички партии работат во тој аспект, изјави Тачи.

Тој изрази оптимизам дека резултатот на гласањето на референдумот ќе биде позитивен.

– Верувам дека ќе биде позитивен бидејќи тоа му го должиме на Западот, рече Тачи, додавајќи дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе има ефекти и во Македонија и во регионот.

Говорејќи за внатрешните процеси во Косово, косовскиот премиер рече дека со претседателот Хашим Тачи се сретнува постојано, разговараат за сите теми и имаат различни ставови за финалниот договор со Србија.

– Мислам дека Косово, освен што има големи болки, сепак наоѓа сили да чекори напред кон НАТО и ЕУ. Многу сме заинтересирани за изнаоѓање решение, но ова не може да се постигне преку размена на територии и менување граници, рече Харадинај по средбата со Тачи.

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски