Хаос и во Градски парк: огромни дрјва паднати по патеките

Од:

Невремето што вчера го зафати Скопје предизвика големи штети низ градот. Повредени се најмалку 10 лица, а откорнати, искршени и паднати дрвја утрово може да се забележат во речиси сите населби.

Иста е состојбата и во Градскиот парк, каде што силниот ветер искрши голем број дрвја. Дел од нив се паднати врз пешачките патеки.

Екипите на Град Скопје, општините и Министерството за внатрешни работи се на терен и работат на расчистување на последиците од невремето.

Според МВР, најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде што до 22 часот вчера биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд