Хант: Спроведување на Преспанскиот договор за стабилност и просперитет на Македонија и регионот

Од:

На вчерашниот референдум во Македонија гласачите ја искажаа својата желба за разрешување на долгогодишниот спор со нивниот сосед Грција за името на земјата и преземање позитивен чекор кон евро-атлантска интеграција. Доколку се спроведе, Преспанскиот договор ќе ја подобри стабилноста во Македонија и поширокиот регион, изјави британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант.

– И покрај тоа што излезноста беше под очекувањата, овој референдум беше позитивен чекор за Македонија. Гласачите во Македонија јасно ја искажаа нивната желба да бидат дел од евро-атлантската заедница и го повикувам премиерот Заев и Владата да работат со Парламентот за создавање на консензус за иднината на земјата, стои во пишаната изјава на Хант.

Тој посочува оти верува дека спроведувањето на Преспанскиот договор ќе биде добро за Македонија и добро за регионот.

– Со тоа се нуди можност за поголема безбедност и просперитет, како и подобри можности за младите од Македонија. Исто така и овозможува на Македонија да послужи како пример за регионот за тоа што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината. Горди сме што Обединетото Кралство е долгодишен пријател и партнер на Македонија. Ќе работиме на продолжување и зајакнување на нашето партнерство и во иднина. Особено го очекуваме денот кога ќе бидеме сојзуници во НАТО – вратата е се уште отворена, се посочува во изјваата на шефот на бротанската дипломатија Џереми Хант

Би можело да ве интересира

Нови детали за договорот меѓу САД и Иран: Наместо воени репарации, подготвен е огромен фонд

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Нацрт-договор меѓу САД и Иран: Отворање на Ормускиот теснец, укинување санкции и ограничување на нуклеарната програма

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски