Хан: Македонија конечно ја надмина кризата, со Заев ќе разговарам за итните реформски приоритети

Од:

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан, денеска на прес-конференција во Брисел, одржана еден час пред неговата средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ословувајќи ја македонската држава со „ПЈРМ“, порача дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека денеска главна тема во разговорите со Заев ќе бидат итните реформски приоритети.

– Македонија конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денеска со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на итните реформски приоритети, порача кратко Хан на прес-конференција посветена на случувањата на Западниот Балкан.

Освен со Јоханес Хан, високата делегација на македонската Влада, денеска во Брисел се среќава и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска