Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва по лидерската средба во кусата изјава соопшти дека е постигнат договор помеѓу политичките партии за надминување на кризата.
Тој кажа и дека се договорени и парламентарните избори, но не прецизираше дали е договорено заминување на Никола Груевки од премиерската функција и какви отстапки се направени од двете страни.
-Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи. Постигнавме договор кој е потпишан од лидерите на четирите големи партии. Овој ден е голем ден за вашата земја, рече Хан.
Според потпишаниот договор, а кои детали не ги соопшти Хан, Никола Груевски се согласил со негово заминување од премиерската функцијата, СДСМ ќе земе министерства во владата и ќе се врати во парламентот. Изборите остануваат за истиот термин-во април.