Халворсен: Македонија донесе храбри одлуки со кои се отвори патот кон покана во НАТО и почеток на преговори со ЕУ

Од:

На 13 и 14 септември 2018 година во Република Македонија престојува државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен.

На средбата со својот домаќин, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, беше разговарано за билатералната соработка и натамошното унапредување на односите во сите области од заемен интерес, како и за чекорите кон што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.

Димовски се заблагодари за континуираната и недвосмислена поддршка од страна на Кралството Норвешка за членство на Република Македонија во Северно Атлантската Алијанса, преку билатералната проектна соработка, притоа нагласувајќи ја целосната посветеност на Владата за реализација на домашните реформи.

Халворсен, ја реафирмираше поддршката од Норвешка во реализацијата на нашите стратешки приоритети, потенцирајќи дека Владата на Република Македонија донесе храбри одлуки со кои се отвори патот кон добивање на долго очекуваната покана за членство во НАТО и почеток на преговорите со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Норвежаните организираа невидена прослава на улиците на Осло: 100.000 навивачи веслаа заедно со фудбалерите

Норвешка: 28 лица уапсени за сексуална злоупотреба на деца

А1он

Халанд го елиминира Бразил

Горан Наумовски

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Синот на норвешката принцеза e осуден за силување

Норвешка бара од ФИФА да го истражи доделувањето на наградата за мир на Доналд Трамп