Хаки Азири, еден од ослободените од пресудата за случајот „Монструм“ дојде да се пријави во Судот, по што за медиумите рече дека очекува вистината за убиствата конечно да излезе на виделина.
„Тука сме и не бегаме“, рече Азири.
Тој и уште двајца кои беа осудени, дојдоа да се пријават заедно со нивниот адвокат, Насер Рауфи.
Четворицата обвинети во случајот „Монструм“, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири неодамна беа пуштени да се бранат на слобода, откако Врховниот суд одлучи да ја укине првостепената и второстепената пресуда со кои обвинетите беа осудени на доживотен затвор, и одлучи случајот да се врати од почеток.
Врховниот суд им определи мерки на претпазливост, односно не смеат да го напуштат градот во кој што живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1.
Тие поминаа речиси пет години зад решетки, а останатите двајца обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство. За двајцата од обвинетите кои се во бегство, Азири рече дека нема никаков контакт со нив и незнае каде се.
Петкратното убиство кое им се става на товар на обвинетите беше извршено на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро.
Виктор Јованов