Хаки Азири од мобилниот телефон на Фатиме Фетаи го препозна Љупчо Тодоровски Радникот

Од:

На продолжението на денешното рочиште на кое судот го испитува обвинетиот Хаки Азири за предметот „Монструм“, обвинителката Фатиме Фетаи му посочи слика на нејзиниот мобилен телефон од Љупчо Тодоровски Радникот, поранешниот дитректор на БЈБ. Обвинетиот потврди дека тој е таа личност што му рекла дека сите судии и обвинители се нивни, па затоа мора да се придржува до напишаната изјава.

„Радникот беше тој со повисок полициски чин кај кого ме однесоа во зградата во МВР, откако претходно бев држан во Кочани. Тој ми рече дека мора да ја потпишам веќе подготвената изјава за убиството и пред судот да го кажам тоа што го пишува на листот“, рече Хаки Азири на денешното судење.

Азири тврди дека полицијата му ја подготвила изјавата, која тој ја даде за време на истрагата, односно кога посведочи за тоа како се случило петкратното убиство. Обвинетиот на прашање на Фетаи одговори дека тој комуницира со двајцата обвинети кои се во бегство во Косово, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, на „Вибер“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски