Гужви на Богородица, Табановце и на Ќафасан, за излез се чека од половина до еден час

Од:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање еден час, за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, а на ГП Богородица време на чекање за излез околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат – (реконструкција на коловозната конструкција). После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

Би можело да ве интересира

Забраната е укината – слободен сообраќај за камиони кон „Ќафасан“

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Горан Наумовски

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот

Прекин во двата правца кон „Ќафасан“ поради сообраќајна несреќа

И денеска Богородица-Евзони блокиран двпати по четири часа, во следните три дена грчките земјоделци ќе паузираат

Катерина Ѓуровски