А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение

by А1он27/01/2026 - 12:2727/01/2026 - 13:01131
Share0

Асоцијацијата на автобуски превозници Исток укажува дека новиот начин на евиденција во шенген зоната го отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе во предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според претседателот на Асоцијацијата Исток Горан Трпковски, подготвени се на заеднички протест со камионските превозници доколку не се донесе поволна одлука која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.

– Изразуваме длабока загриженост од начинот на кој Европската Унија го применува правилото за престој (90/180) во Шенген-зоната, кое без исклучок се однесува и на професионалните возачи. Овој начин на пресметување и евиденција за престој во Шенген зоната има сериозно негативно влијание врз работењето на превозниците и целокупното стопанство. Нашите компании години наназад вршат превоз на балкански тури што гравитираат низ земјите во регионот, вршат меѓународен превоз организиран од страна на тур оператори и туристички агенции, а новиот начин на евиденција го отежнува нивното секојдневно работење, како и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници- изјави за МИА претседателот на Асоцијацијата Исток Горан Трковски.

Ако се земе во предвид статистичкиот податок дека на месечно ниво во 2025 година во нашата држава во просек престојувале по 100 000 туристи за кои нашите превозници и туристички агенции извршиле превоз на различни дестинации, посочува Трпковски, последиците од мерката на Европската унија би биле поразителни.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ограничувањето на движењето на возачите не само што го попречува нивниот ангажман, туку предизвикува последици и врз фирмите и граѓаните, а што ќе доведе до длабоки економски последици, намалување на приходите во туризмот, затварање на многу фирми и мали бизниси, губење на работни места, намалена конкурентност на нашите компании за превоз , губење на странските партнери и огромен пад во стопанството со огромно нарушување на туристичките, економските и трговските текови – вели Трпковски.

Нашата заложба, дополнува тој, е идентична со ставовите на членките на Асоцијацијата Макам-транс и сме подготвени на заеднички протест доколку не се донесе поволна одлука која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.

– Асоцијацијата Исток апелира до Европскиот комитет и надлежните служби да изнајдат фер и применливо решение што ќе го земе во предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока, изјави претседателот на Асоцијацијата Исток, Горан Трпковски.

Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вчера почнаа блокада на товарниот сообраќај на премините кон шенген зоната. Тие сметаат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на превозниците од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот.

Од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-транс“ вчера на првиот ден од протестот изразија надеж дека ќе наидат на разбирање од страна на европските држави.

– Станува збор за професионална дејност – транспортна. Лицето работи во сопствената држава, возилото е регистрирано во сопствената држава и, едноставно, може да се каже дека Европа на овој начин сака да нè спречи да работиме – изјави Билјана Муратовска од „Макам-транс“ потсетувајќи дека со секоја држава имаме потпишано билатерални договори во областа на превозот, кои дозволуваат пристап и движење на нивна територија.

Економска оправданост за тоа да се обезбедуваат по двајца возачи кога нема доволно возила, според Муратовска, воопшто не постои. Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата, додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците – рече Муратовска.

Посочи дека ова е огромна дискриминација кон патниот превоз затоа што со постојната регулатива Европската Унија го ослободила од броење денови за престој секој друг вид превоз – бродскиот, железничкиот и јавниот превоз.

– Поентата не е да ја заглавиме сопствената стопанска активност, туку да покажеме што може да се случи во одреден период. Кога ќе се приклучат и Турција и другите држави, ќе се работи за над милион тони стока што се движи или чека и тоа треба да биде јасен сигнал за сите. Но не можеме со месеци да држиме блокади, ниту сакаме да им нанесеме штета на нашите производители, трговци и на населението. Ако не се најде решение, ќе се бараат други форми на притисок. Ако Европската Унија не може да издржи еден месец ваква состојба, тогаш јасно е дека овие мерки не може да траат подолго – изјави Муратовска.

granicni preminitransporteri

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Катерина Ѓуровски12/08/2026 - 10:05

ВИДЕО: Не се намалуваат гужвите на границите, најдолго се чека на Табановце-Прешево

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 15:45

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 10:1001/08/2026 - 10:39

На Богородица и на Дојран се чека за излез кон Грција

Катерина Ѓуровски20/07/2026 - 08:14

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

Катерина Ѓуровски23/06/2026 - 08:00

Николоски: Решение за транспортерите со ЕУ е на повидок

Горан Наумовски05/04/2026 - 12:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео