Грујовски и Бошковски уапсени на солунскиот аеродром со лажни бугарски пасоши

Од:

Осомничените началници од петтата управа, во случаите „Таргет“, „Тврдина“ и „Тврдина 2“, Горан Грујовски и Никола Бошковски вчера со лажни пасоши биле уапсени на солунскиот аеродром при обидот да заминат во земја од ЕУ, дознава А1он.

Грујовски и Бошковски заедно со уште четворица други кои биле со нив на аеродромот имале со себе лажни бугарски пасоши. Од овие шестмина само Грујовски и Бошковски се на меѓународна потерница.

Моментално двајцата се пред истражен судија, постапката за екстрадиција може да трае од 3 до 8 месеци.

Грујовски и Бошковски од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов