Груевски: Жалам за незгодната ситуација со новинарите

Од:

Премиерот Никола Груевски изрази жалење за отстранувањето на новинарите од галеријата на Собранието на Република Македонија од каде ја следеа собраниската седница на која требаше да се дебатира за буџетот и истакна оти тоа не требало да се случи.

– Веројатно во целиот тој хаос се донела таква проценка која според мене не требало да се донесе. Меѓутоа се донела таква проценка и се случило тоа што се случило. Најдобро за тоа да се обратите во Парламентот. Се надевам дека на некој начин ќе се најде разбирање односно ќе има дијалог помеѓу луѓето во Парламентот и новинарите, посочи Груевски.

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска ќе присуствува на промоција на 13 нови наслови од различни области, од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски