(ВИДЕО) Груевски: Заев преку Судот ми се одмаздува за поразите во изминатите 11 години

Од:

По одложувањето на судењето за случајот „Насилство во Центар, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за медиумите изјави дека судењата против него претставуваат непринципиелна хајка и политичка одмазда.

-Ништо ново во однос на овие предмети кои Власта и СЈО ги туркаат. Ова е непринципелна хајка и политичка одмазда. Се измислија обвиненија без докази. Потоа нелегално стекнатите материјали станаа докази. Последниот чин беше да ги сменат и судиите. За разлика од овие судења видовте што се случува со судењето на Заев каде судијката му се извинува. Заев ми се одмаздува за 11 години порази, изјави Груевски.

Главната расправа за „Насилство во Центар“ треба да почне од почеток бидејќи судијката Татјана Михајлова, која го судеше Груевски и другите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на судот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов