Груевски: Заев подобро да не патува, ќе заштеди повеќе

Од:

СДСМ подобро да не патува, да не прави трошоци, ќе заштеди многу повеќе пари отколку кога патува бесцелно, истакна денеска поранешниот премиер Никола Груевски коментирајќи ја денешната промоција во Владата на РМ на алатката за отчетност, односно за трошењето на државни пари на функционерите.

– Политичарите кога патуваат, патуваат со одредени цели, а јас секогаш кога сум патувал сум имал одредена цел. Од она што можам да го забележам СДСМ и Заев помалку патуват отколку што патувавме ние, гледаме дека нема никакви ефекти од нивното патување, истакна Груевски и додаде дека кога тој патувал како премиер имал многу економски патувања од кои привлекувал многу инвеститори.

Како резултат на тие патувања, Груевски рече дека тоа се отворените работни места во државата.

Според него, анализата што ја направи Владата на Заев покажала дека ако продолжат вака за 11 години ќе заштедат осум милиони денари и потоа им препора воопшто да не патуваат за да заштедат 16 милиони денари.

Груевски денеска после рочиштето за случајот „Тенк“ на СЈО истакна дека не е изненаден од новите истраги на СЈО, од кои во една ќе биде опфатен пописот и притоа рече дека во спроведување на пописот имало државна комисија која го правила тоа одговорно и професионално.

Во однос на одлуките на комисијата за попис, Груевски рече дека таа си ги носела сама без никакви притисоци.

Ова, рече Груевски, е уште еден чекор на СЈО да се дефокусира јавноста од она што се случува во земјата.

– Не може СЈО да одржува толку прес-конференции, да отвора толку истраги, колку што Заев може да направи глупости. Тој е многу побрз и подинамичен и почесто ги прави глупостите отколку што тие можат да отворат истраги за да му ги затскријат глупостите, истакна Груевски.

Поранешниот премиер Груевски, кој е осомничен во повеќе предмети на СЈО, ја коментираше и втората истрага, што се однесува на предметот „Актор“, за која кажа дека и Европската комисија го потврдила изборот на компанијата, иако по некое време отворила истрага по допрен глас, но повторно по истрагата ги известиле владините органи дека немаат забелешки на постапката.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација