Груевски: Заев е ептен хај, не ми паѓа напамет да влегувам во багажник

Од:

Никола Груевски на својот фејсбук профил се огласи откако премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, тврдеше дека екс-премиерот избегал од земјава сокриен во багажникот на автомобил.

„Нашиот премиер деновиве е ептен ХАЈ

Најави човекот уште пред една година, откако започна фамилијарен бизнис со садење марихуана за медицински цели, па ни објаснуваше дека треба да ја легализираме марихуаната за да бидеме сите ХАЈ како што според него биле во Амстердам…

Пред неколку дена, кога беше помалку ХАЈ, на Тв 24 кажа: „карикирам, можеби Груевски влегол во багажник на кола во подрум”. Тоа беше во духот на она од ноември лани дека „можеби“ сум бил киднапиран. Неколку дена потоа за интервјуто за ФАЦ во Берлин му се видело ХАЈ ако ги исфрли првите два збора, „карикирам“ и „можеби“.

Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми.

Гледате, тој замислил дека сум заминал, како што неодамна слушнав дека кога беше во опозиција него го носеле и враќале тајно во една соседна држава ,,на консултации,,. Секој си тргнува од себе. Па веројатно си рекол: “ако можев јас да влегувам во багажник за да го сменам името, историјата и идентитетот, зошто пак не тој затоа што не ги смени …”.

Ама “ХАЈ” треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ. Оти народот не е баш ХАЈ и разбира дека нашиов “ХАЈ” штом отвори уста-лаже. Лаже полесно од што дише. Всушност не лаже само кога молчи ?. А најточно веројатно се изразуваат оние кои најдобро го разбираат и најдолго го знаат, струмичаните, кои велат “многу му меле устата”.

П.С. Насловот е позајмен од наслов на роман од Божин Павловски каде насловот нема исто значење ниту поврзаност со нашиот “јунак”.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија