Груевски задоцни 8 минути, судијката Кацарска го опомена

Од:

Поранешниот премиер Никола Груевски задоцни осум минути на првото судско рочиште за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“. Груевски дојде во судницата откако снимателите направија инсерти. Судијката Добрила Кацарска го опомена да доаѓа на време.

Судењето го следат ОБСЕ, новинари и невладиниот сектор. Расправата се снима визуелно и тонски.

Експремиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се обвинети во случајот на специјалното јавно обвнинтелство „Тенк“ за набавката на лускузниот „мерцедес“. Во обвинението пишува дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „мерцедес“.

В. М.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он