Судијката Добрила Кацарска ќе му суди на Груевски за Мерцедесот од 600.000 евра

Од:

Основниот суд Скопје 1 на веб-страницата објави кои судии ќе ги судат предметите на специјалното јавно обвинителство и предметите кои се од интерес на јавноста, откако новиот претседател Иван Џолев на крајот на годината го донесе новиот распоред на судии. „Тарифа“ ќе го суди судијката Софче Гаврилова – Ефремова, „Трезор“ и „Таргет/Тврдина“ судијкта Џанета Бегтовиќ.

Предметот „Тенк“ ќе го суди судијката Добрила Кацарска, која тврдеше дека во кривичниот суд се делат предмети на рака, а поднесе кандидатура за претседателка на Апелациониот суд во Скопје. „Монструм“ „Титаник 2“ и „ТНТ“ ќе ги суди судијата Огнен Ставрев, кој своеврмеено се побуни против експретседателот на судот, Владимир Панчевски.„Топлик“ и „Тендери“ ќе ги суди судијата Осман Шабани, „Траекторија“ останува да го суди судијата Горан Бошевски (по стариот распоред).

„Триста“ и „Транспортер“ ќе ги суди судијката Добрила Кацарска. „Сопот“ и „Шпион“ ќе го суди судијата Владимир Туфегџиќ. „Монструм“ – судијата Огнен Ставрев, а случајот „Тортура“ – судијката Александра Ристеска. „Титаник 3“ – предметот за изборни измами, ќе го суди судијката Оља Ристова. „Насилство Општина Центар“ каде првообвинет е Никола Груевски ќе го суди судијата Душан Јосифов, а „Труст“ останува да го суди судијката Лидија Зимбовска.

В. М.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош