Груевски: Стратешка цел на Македонија е да се придружиме на ЕУ

Од:

„Главно, наша стратешка цел е да се придружиме на ЕУ, пред се, бидејќи целиот регион каде што е Македонија, Балканскиот полуостров, се движи кон ЕУ. И добро е што тоа се случува, бидејќи ЕУ има подобри стандарди коишто ние ги имплементираме во нашата земја и регионот. Има голема поддршка од фондовите на ЕУ за земјите што се приклучуваат на ЕУ, така што има многу причини. Ние ги делиме и истите вредности со западна Европа и тоа е една од причините зошто сакаме да сме таму“, изјави премиерот Никола Груевски, запрашан од новинарот на канадската телевизија Бизнис Њус Нетворк (Business News Network) во Торонто, зошто Македонија сака да стане дел од ЕУ, во време кога таа се соочува со низа проблеми и не е ли подобро земјата да почека.

Република Македонија, рече премиерот во интервјуто, е земја која нуди најниски трошоци за водење бизнис, а со договорите за слободна трговија со сите земји од Европа, обезбедува пазар од 660 милиони жители каде што може да се извезува без царински давачки.

Запрашан од новинарот Бизнис Њус Нетворк како земјата и одолева на глобалната економска криза во изминатите три години, а има најниски даноци и најавува за оваа година раст на БДП од два процента, што вели е нешто што освен Германија го посакуваат и многу други земји од еврозоната, Груевски посочи на владините мерки за градење добра бизнис клима.

Би можело да ве интересира

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

Во ЕУ нови правила за Chat GPT, Grok, Gemini

Предраг Петровиќ

Руските медиуми и каналите на Телеграм пишуваат дека Русите заробиле офицери на НАТО

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

Трамп: Најголем договор досега