Груевски: Сеништето од минатото на СДСМ ја кочи Комисијата

Од:

Комисијата за настаните пред и во Собранието што се случија на 24 декември заврши над 90 отсто од работата се додека од годишен одмор не се врати сеништето од СДСМ. Ние сакаме да продолжиме доколку има волја од нивна страна, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Работата на Комисијата одеше одлично се додека не се појави едно сениште од минатото на СДСМ кое што практично со своите активности ја запре работата на Комисијата односно ја блокираше преку своите инсталации во партијата. Според мои видувања тоа беше главната причина зошто не се инфинишира со успех. Се додека тоа лице беше на годишен одмор работите одеа добро и се заврши над 90 проценти од работата. Со неговото враќање и активности, деструктивни како и секогаш, и практично најпрвин се појвија првите знаци на проблематизирање на се и сешто, што е дел од неговиот карактер, и потоа практично блокада на се, изјави Груевски.

Ова, според премиерот, е и причината за повлекувањето и на претседателот на Комисијата Биорче Давитковски.

Потврди дека имал телефонски разговор со претседателот на СДСМ Зоран Заев во врска со работата на Комисијата и оти било договорено работата да продолжи и без престедателот Давитковски. Груевски смета дека Заев има волја да се надминат проблемите, но рече дека во поголем дел ја нема контролата во партијата и оти треба да ги расчисти работите внатре во неа.

Било договорено Комисијата да продолжи со работа во понеделник, иако премиерот барал тоа да биде во четвртокот.

– Рековме добро од понеделник, а контакт личности да бидат Илија Димовски и Љубомир Фрчковски. Но сега гледам дека се јавува вториот глас, гласот на сеништето во СДСМ, кое што беше отсутно додека беше на годишен одмор од активностите на СДСМ. Мислам дека Заев треба да си ги расчисти работите во партијата внатре. Очигледно тој нема целосна контрола на ситуацијата, дури би рекол и дека во поголем дел ја нема контролата. Кај него лично има волја да се надминат проблемите. Има желба, меѓутоа човекот се соочува со сериозни проблеми, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска