Груевски го нема, а треба да се јави на издржување на затворската казна

Од:

Два часа откако Кривичниот совет ја потврди одлуката за неодложување на двегодишната затворска казна на Никола Груевски, експремиерот се уште се нема појавено во затворот во Шуто Оризари.

Засега нема информација, дали службите на Кривичниот суд му ја доставиле одлуката на Никола Груевски, а исто така вработенитево затворот Скопје, како што велат за „А1он“, немаат никаква информација дали Груевски денеска ќе се појави во затворот.

Во попладневните часови надлежните се обиделе да му го врачат решението на Кривичниот совет, со кој се одбива и последната последната жалба на одбраната на Никола Груевски, но не го нашле во неговиот дом.

По врачувањето на решението Никола Груевски, веднаш ќе мора да се пријави на издржување на затворската казна од две години затвор.

Груевски денеска не се појави ниту во Собранието каде се одлучуваше за одземање на неговиот мандат. Не присуствуваше ниту на седницата на Комисијата за уставни прашања, иако барањето за одложување на затворската казна го правдаше со неопходно присуство во Собранието. Неговите сопартијци за „А1он“ велат, дека денеска не контактирале со него.

Пред затворот во Шуто Оризари вечерва се собираат телевизиски екипи во очекување на евентуалното пристигнување на експремиерот.

Претходно, по одлуката на Апелациониот суд со која беше потврдена првостепената пресуда на Кривичен од 2 години затворска казна, Груевски упати жалба со барање за одложување на затворската казна, која беше одбиена од страна на судијата за извршување на санкцијата, по што експремиерот упати жалба до Кривичен совет составен од 3 судии со истото барање што исто така сега е одбиено.

Груевски е осуден на две години затвор во случајот на СЈО со назив „Тенк“, поврзан со набавката на луксузниот „мерцедес“.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески