Груевски: СДСМ ја потценува интелегенцијата на народот

Од:

Верувам дека луѓето во Центар овој пат ќе знаат да распознаат квалитет, ќе знаат да препознаат личност која што е стабилна, образована, дипломиран правник и со меѓународно искуство во спортот. Ова го истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во општина Центар, додавајќи дека нивниот кандидат за градоначалник Дејан Јовановски ги исполнува своите ветувања.

Потенцира дека и Јовановски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски ќе исполнат и многу повеќе од она што е ветено во предизборните програми.

– Убеден сум дека овие луѓе со својот труд, залагање, со својата програма и поранешни резултати ќе ја освојат довербата на мнозинството граѓани и ќе бидат идниот градоначалник на Центар и сегашниот и иден градоначалник на Град Скопје, рече Груевски.

Истакна дека на овие избори ќе се гласа за градоначалници и советници но, како што додаде, овие избори се многу повеќе отколку локални.

Според него, во овој период имало незаконско разрешување и назначување на функционери.

Груевски на митингот ги праша граѓаните, дали сакаат секојдневно да бидат измамувани, а притоа да постојат докази за таквите измами.

– Земете го на пример случувањето со фабриката Санос. Таа фабрика уште од времето на транзицијата беше затворена. Тоа беше фабриката Фас 11 Октомври, потоа ја купи некоја фирма која се вика Санос и која што не работи со години. Отидоа во некој донесен автобус, се сликаа и го прикажаа како филмска сцена дека почнало ново производство во нова компанија, дека Владата стимулира домашни компании, вели Груевски.

Според него, проблемот е во карактерот и начинот на владеење.

– Проблемот е во потценувањето на луѓето. Проблемот е што ја потценуваат интелигенцијата на овој народ, на центарци, на скопјани, на сите во Македонија, додаде Груевски.

Потенцира дека животот на граѓаните може да го променат крупни економски придвижувања, многу реформи, многу инвестии и работни места.

– Секојдневните активности да се запре, да се закочи се што направило ВМРО или започнало ВМРО. Дали тоа се автопатиштата што се градат, дали еден куп училишта, градинки, Драмскиот театар во Скопје – се завршено, комплет, го откажаа. Универзалната сала – завршен проект, се завршено – го откажаа. Се што почнало ВМРО да гради или пак дошло до моментот кога треба да се гради, што значи готов проект, завршен тендер, склучен договор за градба, се е запрено, истакна Груевски.

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Јовановски најави решавање на проблемот со паркирање во Центар, нова градинка, инфраструктура и голема поддршка за „Работнички“.

– Паркирањето во општина Центар нема повеќе да ви го комплицира животот, поради секојдневната тешкотија да пронајдете паркинг место. Еден од начините со кои ќе го решиме овој проблем е изградба на монтажни паркиралишта, релаксирање на сообраќајот со нови идејни решенија со што ќе се намалат сообраќајните гужви, ќе заштедувате време и воздухот помалку ќе се загадува, истакна тој.

Најави изградба на нова градинка во Маџир Маало, нови спортски и детски игралишта. За младите уметници ќе бидат обезбедени посебни локации на кои ќе може да го разубават урбаното јадро на општина Центар.

ВМРО-ДПМНЕ претходно одржа митинг и во скопската општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери