Груевски сакал со голема бетонска топка да го урива „Космос“

Од:

Во кривичниот суд се репродуцираат 26 „бомби“ во предметот „ТНТ“, од кои 16 не се јавно објавени. Најголем дел од „бомбите“ се прислушувани разговори меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески и нивната интензивна комуникација за уривање на објектот.

Груевски бил заинтересиран за секој детаљ од постапката, па го прашува Јанакиески дали може Цаноски да тужи и да добие.

На Јанакиески му вели:

„Ќе го јадат Коце и Тони”.

Во еден од разговорите од 2 август, Груевски му вели на Јанакиески:

„Нема ли некоја фирма да се најде? Имало некоја топка. Сум ја видел на Запад и на телевизија и кога ќе се заниша со 5-6 удари половина зграда паѓа“.

Јанакиески му потврдува дека чул и тој за таква бетонска топка која со 5 удари ја урива зградата.

„Да видиме по градежните фирми, нема ли некоја подобра механизација?” го прашува Груевски ексминистерот за транапорт и врски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески