Груевски: Престојните избори се можност да се казни помрачувањето и шанса за нова ера

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва во Битола ги претставија кандидатот за градоначалник Зоран Илиоски и кандидатите за општински советници, за кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рече дека имаат редица проекти за новата ера на Битола во наредните четири години.

Во своето обраќање пред членовите и симпатизерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека „претстојните локални избори воедно се можност народот да го казни помрачувањето, безидејноста на новата Влада која ја прикриваат со секојдневни обиди и хајки против неистомислениците“. Според Груевски, најголемите слабости Владата предводена од СДСМ ги покажала во економијата.

– На 15 октомври народот ќе се произнесе за помрачувањето во делот на економијата, бидејќи имаме секојдневно тонење на економијата. Во јули извозот е намален за 12 отсто и има за 52 милиони евра помалку извоз, девизните резерви за 3,5 месеци се намалија за 172 милиони евра, индустриското производство во јули падна за два отсто, а во август за 5,3 отсто. Во делот на економијата прометот во индустријата се намали за 9,1 отсто а просечната плата веќе падна за 420 денари а се очекува наредно паѓање, посочи Груевски.

Локалните избори се шанса за новата ера за нова победа која почнува во Македонија, нагласи Груевски и појасни зошто е важно да се гласа за градоначалниците и советниците од партијата и коалицијата што ја предводи.

– Битола и цела Македонија на 15 октомври освен што ќе гласа за градоначалници ќе гласа и за новата ера за Македонија, за нови победи и нови успеси. Гласот се дава за нови 150.000 работни места во Македонија. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е истовремено е глас за намалување на невработеноста под десет проценти и тоа го кажуваме затоа што имаме кредибилитет за тоа бидејќи знаеме како, рече тој.

Груевски истакна дека гласајќи на 15 октомври воедно се гласа за намалување на сиромаштијата за три четвртини, преполовување на невработеноста кај младите луѓе и поголеми можности за стекнување со нов дом.

– Новата ера ќе значи четири отсто раст на БДП во наредната декада или 2,5 пати поголем приход по глава на жител или 2,5 пати повисок стандард и подобар и поквалитетен живот, рече Груевски.

Кандидатот за градоначалник на Битола Зоран Илиоски рече дека во фокусот на нивната програма се младите луѓе кои ќе се обидат да ги задржат со обезбедување работа, пристоен живот и квалитетни услови за живот.

– Широк Сокак заслужува да биде посакувана дестинација на патници и туристи на кои треба да им покажеме што имала, што сочувала но и што изградила Битола. Битолчани мора да живеат во здрава и безбедна животна средина, квалитетен воздух, вода и почва со многу зеленило, рече Илиоски, додавајќи дека ќе се реализираат и проектите за гасификација и топлификација на Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Инцидент во детска градинка во Битола

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он