Денеска бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам во судот. Не знам дали некој верува во такво нешто, но тоа ниту е вистина, туку е само желба на нарачателите на Јанева, рече по распитот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Човекот кој рече дека не го признава судот и кој има огромен криминал се обидува преку вакви апсурди во Судот да и мене и моите соработници не прикаже исти или слични како него. Тоа се обиде и во текот на минатата година преку неговите прес конференции на кои што се објавуваа фабрикуваните материјали и не успеа. Потоа се обиде со тоа што издејствува 100 дена пред изборите да има влада за спроведување на избори, верувајќи дека на тој начин ќе дојде на власт, дека ќе го промени мислењето на граѓаните, но не го промени и сега се обидува на трет начин, на начин на кој што постојано ќе бидам повикуван заради апсурдни причини во Судот и ќе треба да давам вакви изјави и да се правдам иако немам никаква вина, за народот да го промени мислењето и да почне да мисли дека можеби и ние сме слични на него, рече Груевски.
Тој не остави простор да се постават новинарски прашања и веднаш по изјавата за медиумите замина велејќи дека брза да стигне на настан и како што рече, ќе одговарал на прашања во друга прилика.
Александар Тодески