СДСМ: Груевски, Пешевски и Миноски влегоа во втор обид за криминал со еврообврзницата

Од:

Никола Груевски, Владимир Пешевски и Кирил Миноски утрото повторно го почнаа процесот на издавање еврообврзница на износ до 650 милиони евра, со што директно го кршат законот за Јавен долг, без претходно обезбедено правно мислење од Министерот за правда, согласно член 18 став 6, реагираат од СДСМ.

Исто така со носењето одлука за ова задолжување на странските пазари директно се кршат членовите 44,45 и 46 од Законот за Влада, како и членот 353 од Кривичниот Законик.

Предупредуваме дека сите раководни лица во државните институции инволвирани во издавањето на еврообврзицата ќе одговараат.

Јасно е дека со молкот од страна на ДУИ постои договор меѓу верните коалициски партнери. ДУИ уште еднаш потврди дека заедно со ВМРО ДПМНЕ кумува на економскиот колапс на граѓаните и на Р. Македонија.

Укажуваме уште еднаш на агентите за издавање на еврообврзницата, Сити Груп, Дојче Банк, Ерсте Банк, Сосиете Женерал и потенцијалните кредитори, дека ова задолжување е незаконско и ќе биде предмет на оспорување како законски јавен долг по промената на власта.

Тоа што оваа Влада и министерот за финансии манипулираат дека мандатот на дополнителните заменици министри е само 100 дена пред одржувањето на избори, никого не ослободува од ризикот од оспорување на законитоста на задолжувањето.

Издавањето на еврообврзница од 650 милиони евра е последниот обид на Никола Груевски за доуништување на економијата во Македонија.

Никој од инволвираните нема да биде амнестиран за извршувањето на ова финансиско злосторство, порачуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг