Груевски: Нерегуларностите од првиот круг се зајакнаа во вториот

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска го оствари своето гласачко право во вториот круг од локалните избори, обвини за, како што рече, недемократска атмосфера и системски закани и уцени врз граѓаните.

– Демократската атмосфера, за жал, во овој период не можеме да ја видиме. Колку што имаше нерегуларности во првиот круг на гласањето, тие уште повеќе се зајакнаа во вториот круг. Претежно се манифестираат во две форми: масовен поткуп на граѓаните како никогаш досега во Македонија и закани, притисоци и уцени врз луѓето, претежно кон наши активисти од страна на СДСМ, изјави Груевски по гласањето.

Според него, во минатото се случувале обиди за поткуп, но биле многу изолирани, многу ретки, многу мали…, а сега станува збор за масовен поткуп,што е под заштита на полицијата, контролирана од СДСМ.

На секои избори, нагласи Груевски, имало поплаки од разни вакви закани, притисоци, застрашувања, но овојпат тоа е многуструко зајакнато.

– Луѓето отворено се уценуваат со губење работа, особено администрацијата, со кривични пријави, недобивање субвенции,… Тоа е масовно, организирано, системски. Како што поткупот е организиран масовно и системски, така и заканите, уцените, заплашувањата и притисоците се масовни и системски, рече Груевски, додавајќи дека и покрај се, ВМРО-ДПМНЕ нема да биде скршена со ова.

Нашата борба, потенцира лидерот на партијата, допрва почнува.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски