Премиерот, Никола Груевски, одби да одговори на новинарското прашање зошто побара затворена седница на денешното сослушување пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Наместо тоа пред влезот на салата во Собранието тој даде политичка изјава со обвинувања кон опозициската СДСМ.
Сведочењето на Груевски почна неколку минути пред два часот, иако беше закажано за во 12.00. Сите пратеници кои се членови на Комисијата ќе имаат можност да му постават по три прашања, секое од по пет минути, а Груевски треба да ги одговори во рок од пет минути.
Маја Васева