Груевски: Наскоро оглас за закуп на уште 7.000 хектари државно земјиште

Од:

Досега се потпишани 8.700 договори за закуп на земјоделско земјиште. Оваа политика Владата ќе ја продолжи со уште поинтензивно темпо и во иднина се додека постои нераспределено земјоделско земјиште за кое што постои интерес за да се обработува. Наскоро ќе следи и нов оглас за распределување на 7.000 хектари државно земјоделско земјиште, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде во Владата заедно со коалиционите партнери поддржува политика на што поголема распределба на земјоделското земјиште, на што поголем број земјоделци со цел секоја педа земја во РМ која што може да се користи за земјоделско производство да биде искористена. Прво заради зголемување на земјоделското производство, зголемување на извозот, намалување на увозот на земјоделски производи и пред се заради обезбедување егзистенција, а некаде и бизнис за голем број граѓани. Во тој контекст досега се склучени договори со 8.700 лица за давање под закуп на земјоделско земјиште. За споредба во времето на СДСМ се стотина или 120-130 договори и главно на нивни блиски роднини и пријатели. Овој тренд ќе продолжи и понатаму. Се планираат и нови огласи. Можам да потврдам дека се планира распределба на нови 7.000 хектари земјоделско земјиште, рече Груевски, кој присуствуваше на отворањето на изложба од вториот на Министерството за култура конкурс за откуп на уметнички дела.

Тој појасни дека станува збор за земјиште кое ќе биде распределено делумно во онаа категорија до три хектари на лица каде што земјиштето е во близина на атарот на селото и за кои тоа е еден вид егзистенција, а дел над три хектари каде што, вели, може да се развијат добри бизниси и да се вработат голем број луѓе, да се оствари поголем профит.

– Можам да потврдам уште еднаш дека распределбата на земјоделското земјиште ќе продолжи со уште посилно темпо се до моментот додека има земјоделско земјиште кое не е распределено, кое е обработливо и постои интерес за него, подвлече Груевски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски