Груевски: Народот ќе гласа против СДСМ, а тоа ќе биде почеток на одбројувањето за предвремени парламентарни избори

Од:

Народот ќе гласа против СДСМ и помрачувањето. Тоа ќе биде почеток на завршување на помрачувањето и ќе биде почеток на одбројувањето на времето за предвремени парламентарни избори во Република Македонија со коишто ќе започне новата ера, новото утро за Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на митингот во општина Ѓорче Петров.

Притоа објасни што е помрачувањето кое, како што рече, во последните четири месеци се гледа во многу форми – измами, штетни договори, зборување за реформи кои ги нема, правење чекори и политики спротивни на волјата на народот, секојдневна демонстрација на незаконско работење.

– Незаконско работење. Секојдневна демонстрација на сила и насилие. Кривични пријави за над 10 кандидати за градоначалници. Пукања и ранети кандидати за градоначалници. Претепување на кандидати со шипки и со боксови, рече Груевски и додаде дека нападите и предизборните инциденти покажуваат оти ВМРО-ДПМНЕ е вистинската гаранција за демократијата и дека луѓето кои живеат во Македонија, како што рече, не се обврзани да го толерираат помрачувањето.

– Нема да дозволиме да ја помрачат светлата иднина на нашата нација и на оваа држава. Покрај помрачувањето, покрај сите пречки, ние ќе продолжиме да работиме за создавање светла иднина за Република Македонија. Ние како целина, граѓаните на оваа држава, ќе работиме заедно во креирање на нова ера и на овие напади и пречки ќе им дојде крајот, нашата цел е побогата и посреќна Македонија, рече Груевски.

Вети дека во следната декада невработеноста ќе се намали на под 10 проценти, дека ќе бидат отворени најмалку 150.000 нови работни места, како и инвестиции во екологијата и енергетиката.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски