Груевски: Народот има воздух, народот има живот, а животот го дава Господ, не СДСМ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Бутел, порача дека новата ера предвидува нова етапа во развојот на Република Македонија, која значи затворање на многу крупни прашања за граѓаните, како невработеноста и нискиот животен стандард.

– ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш беше фокусирана на работа, да се реализира тоа што е ветено, неуморно работење, но и создавање услови за вработување. Предвидовме дека во наредната декада ќе се отворат најмалку 150.000 нови работни места во Македонија. Ние се занимаваме со суштинските работи и решавање на суштинските проблеми на граѓаните, а една од тие е отворањето на новите работни места, рече Груевски.

Тој порача дека СДСМ нема да успее повторно да го прелаже народот на 15-ти октомври, дека ќе го казни ова помрачување што го гледаме сега.

– Скоро половина од програмата им се повторно лажни ветувања, најголем дел од работите неисполнливи. Третото им е една чиста демагогија, едни апстрактни поими, ќе донеле живот, во Бутел ќе донеле живот, што да ви кажам? Ќе донеле воздух, како во приказните со Итар Пејо, со Насрдин Оџа, каде што продаваа разно разни работи на народот со разно разни итроштини, така и овие нашиве што се сега на власт, ќе продаваат воздух на народот. Народот има воздух, народот има живот, животот го дава Господ, а не СДСМ, изјави Груевски.

Тој, меѓу другото, вети и намалување на сиромаштијата за три четвртини и преполовување на невработеноста кај младите луѓе, како и зголемување на квалитетот во образованието.

Според Груевски, Македонија мора да остане земја со ниски даноци, наместо најавеното зголемување од страна на новата влада.

-Со зголемувањето на даноците бруто платите ќе останат исти, нето платата ќе се намали затоа што оној дел кој е за персоналниот данок и за здравствено и пензиско осигурување, ќе порасне и ќе се намали од делот на нето плата. Тоа значи зголемување на давачките. Тоа е лошо за Македонија и сите граѓани, пред се за вработените, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на општина Бутел, Дарко Костовски, како дел од проектите содржани во неговата програма најави изградба на два модерни паркови, раззеленување на коритото и кејот на реката Серава, изградба на две нови градински како и нова поликлиника.

– Ќе се изградат и фекални канализации во индустриските зони Расадник и Љуботенски пат, а ќе се доврши фекалната канализација во Љубанци, ќе се асфалтираат и сите неасфалтирани улички. Максимално ќе се вложам да се реши проблемот и во Кучевишка Бара, за „Нова Ера“ во Бутел, рече Костовски.

Тој истакна дека неговата програма содржи и 20 проекти наменети за спортот, како и проекти за лица со посбени потреби во спортот.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов