Груевски: Намалувањето на невработеноста е историски најниска стапка

Од:

Намалувањето на невработеноста за нови 0,9 отсто во последниот квартал лани и достигнатите 24,6 проценти е нова историски најниска стапка на невработеноста во Македонија, оцени дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Кичево.

Според податоците на Државниот завод за статистика, невработеноста од 25,5 проценти во септември лани бележи намалување за 0,9 отсто и во последниот квартал од годината изнесува 24,6 проценти.

Намалувањето на невработеноста, според Груевски, е резултат на вложениот труд на надлежните институции преку отворањето на нови работни места и спроведувањето на низа мерки.

– Правиме максимални напори да донесеме инвеститори, да вложуваат и да отворат нови работни места, како и да им овозможиме одлични услови за правење бизнис. Работејќи го тоа станавме шеста држава во Европа според добрите услови за водење бизнис и дванаестта во светот според рангирањето на Светска банка, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина