Груевски: На изборите граѓаните ќе кажат што мислат за изминатите четири месеци

Од:

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа митинг во Ресен каде лидерот на партијата Никола Груевски порача дека граѓаните на изборите не само што ќе се изјаснат за кандидатите за градоначалници, туку ќе го кажат своето мислење и за работите што се случиле во изминатите четири месеци.

– Граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ за тоа што го направи, што го исполни, она што го вети, но на изборите ќе го дадат и своето мислење за работите што се случија минатите четири и пол месеци. Овие месеци имаме секојдневна демонстрација на едно незаконско работење, свесно незаконско работење. Незаконски назначувања, незаконски разрешувања, незаконски вработувања, рече Груевски.

Тој додаде дека СДСМ водат политика спротивна на волјата на народот и оти склучиле штетен договор со Бугарија, а на ист начин сакаат да се надмине и спорот со Грција.

– Ние немаме ништо против Република Бугарија, напротив сакаме да имаме пријателски односи, сакаме да бидеме сојузници, имаме и причина за тоа, соседи сме. Сакаме да се склучи договор за добрососедство, меѓутоа да се склучи договор без воопшто да се преговара за неколку точки коишто се многу важни и чувствителни за нас, да се прифатат од прв момент само за некому друг да се допаднат, а не на граѓаните, тоа е штетен договор, оцени Груевски.

Осврнувајќи се на економијата, Груевски рече во изминатите четири месеци економијата бележи негативни резултати како намален извоз, намалено индустриско производство и намален БДП. Најави најмалку 150 илјади работни места, намалување на невработеноста под 10 проценти до крајот на наредната декада, намалување на сиромаштијата и повеќе пари за младите, работниците и земјоделците.

Кандидатот за градоначалник Ѓоко Стрезовски најави изградба на обиколница околу Ресен, реконструкција на улици и патишта, реализирација на втората фаза од градскиот водовод, фекални системи и продолжување на изградбата на нови плажи на Преспанското Езеро.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис