Груевски: На 15 октомври се решава дали ќе почне нова ера во Македонија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Гевгелија истакна дека граѓаните 15-ти октомври ќе одлучат дали ќе продолжи слободното паѓање или тоа ќе биде сопрено и ќе почне новата ера во Македонија.

– Вашата одлука е многу важна – тоа не е само уште една обична одлука. Не гласаме само за нашите градоначалници, за нашите градови туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија по 15-ти октомври. Вашата одлука е конечна. Вие го имате последниот збор за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава, рече Груевски.

Ние знаеме како се создаваат модерни општини и современи урбани средини, ние планираме за наредните десет до дваесет години затоа што имаме идеи, имаме планови, имаме соништа и имаме нова ера која за сите ќе понуди подобри услови за живот, истакна лидерот на ВМРО-ДПНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ во Гевгелија.

– Ако можевме невработеноста во Гевгелија да ја намалиме за 62 отсто, новата ера нуди на Гевгелија нејзино натамошно намалување под десет отсто, како и многу проекти за подобар стандард и живот на сите граѓани, нагласи Груевски кој меѓу приоритетните проекти ги издвои новиот водоснабдителен систем, новата времена депонија, пуштање во употреба на пречистителната станица, уредување на коритото на Сува Река, поврзување на западниот булевар со Момински пат, доизградба на нови училници во гевгелиската гимназија и ОУ „Владо Катарнџиев“ изградба на браната Конско и уште многу други. Вети и изгрдба на нов стадион и нова спортска сала во Гевгелија, како и забавен парк во Миравци.

Покрај ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Гевгелија ги промовираше и двата нови проекта од „Новата ера“ кои се однесуваат на сопствен дом и отпис на долговите за социјално загрозените семејства.

Кандидатот за градоначалник на Гевгелија Иван Франгов од гевгеличани побара трет мандат, како што рече, „не за да владе со нив и да јаде живи луѓе“, туку со неговиот советнички тим да помогне во реализацијата на веќе започнатите и замислените нови проекти кои ќе создадат модерна европска Гевгелија.

Франгов вети дека ќе ја вложи сета своја позитивна енергија во создавањето на модерна Гевгелија и ги повика своите сограѓани на 15 октомври масовно да излезат на гласачките места и да го заокружат бројот 13.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места