Во последната објава на Фејсбук, поранешниот премиер Никола Груевски, од Будимпешта ги нападна поранешниот и сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче.
„Во последните недели СДСМ, односно Зоран Заев и Венко Филипче речиси секој ден во дневно политички цели ја злоупотребуваат мојата последен фб објава од 12 ноември 2025 година, која беше анализа на ризиците за потенцијални војни во Европа и светот, и која заврши со порака дека Македонија треба силно да ги продолжи своите напори за реформи заради исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но паралелно да се подготвува и за ситуација на можни воени сценарија во Европа, доколку некои од наведените ризици се реализираат.
Таа злоупотреба ја ставаат во некаков сосема различен и нејасен контекст на некоја подоцнежна изјава на некои функционери од власта, па градат некакви смешни тези дека власта ме следела, ме слушала и слични глупости, за кои не вреди да се троши време.
При тоа, старите фрустрации кој ги носи Заев, а очигледно и Филипче, не им дозволуваат да не повторат некоја од нивните стари пропагандни лаги за некакви “од ракав истресени” милијарди, кои те беа една, те се две или три, те се пет или седум, те десет. Во последното соопштение ги ставиле дека се две, но и тоа се такви глупости, што не вредат да се губи време на нив.
Но, очигледно е, дека овие два лика кои ја држат партијата СДСМ како некаква заштита и “жив ѕид” на Заев и Филипче од годините на направените големи криминали и проневери, и ја доведоа на најмалку добиени гласови во историјата на таа партија, имаат многу пари, па лесно се расфрлаат со милијарди, и истовремено немаат идеја што да понудат на македонската јавност после “масакрот” што го направија во седумте години криминално владеење.
Тоа беа години од кои Заев заврши како инвеститор во недвижности и трговец со фирма со скриена сопственост на руско железо и челик во Дубаи, кое заради санкциите кон Русија во последните години е многу поевтино. Од таа причина истото полесно се продава. Така Заев како докажан анти-руски и про-западно настроен во политиката, познат по својата дволичност како во политиката, така и во бизнисот и познат дека секигаш се води само од финасискиот интерес, во милионски суми, со слатко задоволство го купува железото од Русија, и го продава меѓу другите и на втората најголема компанија за развој на луксузни недвижности во Обединетите Арапски Емирати – Damac properties.
Оваа компанија има стратешки партнерства со глобалните брендови како Versace Home, Roberto Cavali и de GRISOGONO – ексклузивни резиденции со накит-инспирирани дизајни.
Така произлегуваат градбите како Cavali Tower и редица други.
Компанијата гради приближно 800,000-1,200,000 квадратни метри годишно и троши приближно 50,000-75,000 метрички тони челик годишно низ сите свои инвестиции, главно во Дубаи, но и во 15 други големи градови како Ријад, Торонто, Лондон, Мајами и други.
Се засмејав кога се потсетив со каква леснотија и со каков сериозен лик и бесрамно лажење Венко Филипче објаснуваше на неупатената јавност во Македонија дека планирал да оди на печалба во неименувана болница во Дубаи пред околу една година лажејќи ја јавноста дека златната виза во Дубаи ја добил за ако му затребало да биде лекар таму на печалба.
И како сето тоа лесно му помина во јавноста без да се помисли дека за да му доделат таква виза мора претходно да има да поседувате важечка медицинска лиценца издадена од DHA (Dubai Health Authority), DOH (Department of Health – Abu Dhabi) или MOHAP (Ministry of Health and Prevention), писмо за одобрување од Министерството за здравство и превенција на ОАЕ за практикување медицина, и валиден веќе склучен договор за вработување одобрен од Министерството за човечки ресурси и емиратизација (MOHRE), и логично после сето тоа тој требаше да има поднесено отказ на работното место во Македонија. Ништо од сето ова немаше. Ако имаше ќе покажеше.
Па се потсетив дека тие двајца имаат заедничката фирма и заеднички бизнис и инвестиции во Дубаи, се разбира сигурно не од заштеди од парите од лекарската плата на Филипче, на база на што всушност се извадени златните визи за двајцата.
Но, потсетувањето на тој хумор кој Филипче го објаснуваше со глуметарење со мошне сериозен лик, ми запре во мислите веќе во следниот миг кога се потсетив како во екот на првиот бран на ковид кризата, кога реално огромен број заразени умираа од Ковид, време кога починатите болни ширум светот беа во толкав голем број, а се сеќавате дека Македонија беше со највисок процент на починати во светот, масовно ги изнесуваа со вреќи од болниците како во времиња на најголеми светски епидемии во воени времиња, овие два љубители на луксузни мотори, во тоа време првиот премиер, а вториот министер за здравство, не само што последни во Европа набавија вакцина, повторувам последни, не предпоследни – туку последни, што секако се должеше на нивната неспособност и дефокусираност кон лично богатење наместо кон грижа за граѓаните кои им довериле јавни функции, туку сигурно ќе се потсетите и вие, тие двајца се обиделе и со месеци вршеле притисок во Кина, увозот на вакцините да биде преку нивна лична заедничка фирма.
И сега, оној лежејќи на некоја јахта во Дубаи, со проневерените пари од народот и земените пари од продажбата на националниот интерес, преку промена на името на земјата и нацијата, историјата и идентитетот на Македонците и неговото поставено лице во партијата во Македонија, ни продаваат морал и етичност. Нашите соседи Срби, имаат една добра пословица која во оргинал вели: “Ко о чему, к…а о поштењу”.
Нека помислат само, колку животи ќе беа спасени, ако наместо тогаш да се обидуваат да протуркаат нивна фирма за препродавач на вакцините, дозволеа тоа да оди по нормален тек, во кој државата директно ќе ги набавеше од кинескиот производител, колку денс мртви луѓе ќе беа живи, со своите деца, родители, браќа, сестри, пријатели…и ќе се радуваа на животот. Потоа, нека размислат дали само со овој алчен и бездушен чекор, тие оставиле некаков простор меѓу народот во Македонија, да чекаат пак да ги гласа на избори.“
