А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Како е можно да бидете обвинет за сакање?

by А1он16/02/2018 - 14:56427
Share0

Експремиерот Никола Груевски на денешното рочиште за случајот „Тенк“ ѝ рече на судијката дека со оглед оти не му биле доставени доказите нејасно е за што е обвинет.

Добивај вести на вибер

„Обвинет сум зашто сум сакал да се набави возило и сум сакал да не се знае дека ќе го користам. Како е можно да бидете обвинет за сакање“, рече Груевски.

Тој праша во какви возила треба да се возат личности што се под висок ризик.

„Не го разбирам обвинението“, рече Груевски.

„Доколку не го разбирате обвинението, треба да ви го објасни судот“, му рече судијката.

„Го прочитав обвинението, знам што пишува. Обвинението е нејасно.
Обвинет сум дека сум сакал да се возам во луксузно возило како премиер“, рече Груевски.

Експремиерот рече дека не признава вина.

„Не сум сторил ништо противзаконски“, порача Груевски.

Откако судијката го опомена Груевски да ја извади раката од џебот кога му се обраќа на судот, експремиерот во воведниот говор рече дека судот и СЈО се во неприродна спрега бидејќи судот им давал збор повеќепати на обвинителите, а не и на него.

Груевски ѝ врати на поговорката на обвинителката Ленче Ристоска, која претходно му рече: „На човек со сила не можеш да му дадеш, можеш да му земеш“.

„Кадија те тужи, кадија те суди“, рече Груевски на судијката алудирајќи на поговорката што претходно ја кажа Ристоска.

„За нас судот воведува нови правила на судење“. Груевски смета дека тоа што не го добиле цедето со минатото рочиште не е пропуст на адвокатите.

„Против мене единствен доказ се т.н. снимки. Јас нема да дадам воведен говор, судењето го сметам за нефер“, рече Груевски.

Ексминистерката Гордана Јанкулоска рече дека и покрај фактот што не им се доставени сите информации, од она што таа го знае разбира за што е обвинета. Таа рече дека е невина.

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, рече дека разбира за што е обвинет и не признава вина.

В. Маглешов

gruevskisjotenk

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:4005/12/2025 - 22:04

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он06/09/2025 - 18:3006/09/2025 - 16:29

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Горан Наумовски26/06/2025 - 16:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен