ЛДП: Итна оставка на Талески и избори за нов градоначалник на 11 декември

Од:

Битола во овој момент нормално не функционира, Битола се мачи, Битола дише на жабри. Градоначалникот е во притвор веќе трет месец, и никој не знае до кога тоа ќе трае. На почетокот на школската година нема кој да распише тендер за превоз на ученици, општинската каса тешко се полни, расходите се на очајно ниско ниво, директорите на училиштата се со завршен мандат, рече Валентин Груевски член на ИО на ЛДП и советник во општина Битола.

„Битолското ВМРО-ДПМНЕ е потполно свесно дека оваа ситуација, со потпишување на документи од дома, не е повеќе одржлива, но заглавени во сопствените игри, не саката да ја прифатат реалноста.

ЛДП предлага две работи за излез од кризата во која се наоѓа градот:

1. Неотповиклива и итна оставка од страна на Владимир Талески.
2. Избори за нов градоначалник на 11-ти декември, заедно со парламентарните избори.
Придобивките од овие два потези ќе бидат следни:
1. Интересот на граѓаните на Битола мора да биде пред сечиј личен интерес, вклучувајќи го тука и интересот на Владимир Талески.
2. Ќе се избегнат дополнителните трошоци за двојни избори и во еден ден ќе се изберат пратеници и градоначалник.
3. Ќе биде назначен владин повереник кој ќе ја води општината до 11-ти декември, а потоа до редовните избори новоизбраниот градоначалник.
За ЛДП предвремените избори ќе бидат излез од кризата во која се наоѓа градот, ќе бидат еден нов почеток во кој зад нас ќе останат дванаесет години назадување и тапкање во место.

ЛДП не сака да навлегува во вината на Владимир Талески, но истиот мора во овој момент да понесе морална одговорност и тој мора да ја напушти функцијата.

Сакаме да ја потсетиме јавноста дека Владимир Талески е еден од ретките политичари кој беше во бомбите а сеуште не си поднел оставка. Заминаа Груевски, Мијалков, Ставревски, Јанкуловска, Јанакиевски а тој упорно ја држи Битола во заложништво“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови