Премиерот, Никола Груевски, ги остави камерманите да висат на влезот во Клуб на пратеници, кои го очекуваа неговото пристигнување, и влезе од задната страна.
Со неговото доаѓање почна лидерската средба на која како набљудувачи присуствуваат амбасадорите на ЕУ и САД.
Ова е прв пат во рамки на преговорите да се употреби задниот влез. Новинарите не успеаа да го проследат ниту доаѓањето на Али Ахмети затоа што веќе се наоѓаше во Клуб на пратеници.
Исходот од оваа средба се очекува да биде одлучувачки за иднината на политичката состојба во Македонија.
Маја Васева