А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски до Мијатовиќ: Непримерно е да барате асистенција од мене за посета на Кежаровски

by А1он02/09/2013 - 15:3003/09/2013 - 08:46210
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски упати писмо до претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ во кое се заблагодарува за интересот кој го покажувала за судскиот предмет на новинарот Томислав Кежаровски.

Добивај вести на вибер

Груевски укажува дека заслужува почитнејзината загриженост за мерката притвор која му е изречена на Кежаровски, но обрнува внимание дека појдовните претпоставки врз основа на кои ги темели тезите и залагањата, не целосно кореспондираат со фактичката состојба, како и со правниот поредок и овластувањата кои ги има извршната власт.

Владата на Република Македонија, посочува, во целост се залага за почитување на принципот на владеење на правото и за целосно почитување на принципот на поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска како темелни вредности на уставниот поредок на земјата .

„Имајќи го во предвид наведеново, се надевам дека ќе се сложите со мене дека не би смеело да се дозволи поедини граѓани да имаат привилегиран третман во однос на почитувањето на обврските кои им се налагаат со одделни закони, во зависност на тоа со каква професија се занимаваат. Ниедна професија не смее да биде амнестирана од законот, вклучувајќи ја тука и професијата новинар, која по својата благородност и значајност за демократските процеси во една држава можеби предничи во однос на повеќето професии. Исто така, се надевам дека ќе се согласите со мене дека начелото на поделба на власта не дозволува на извршната власт да интервенира и дерогира одредени судски одлуки, колку и да не се согласува со истите и колку и да таквите одлуки можат да наштетат на имиџот на земјата“, и пишува Груевски на Мијатовиќ

Груевски се согласува дека затворањето на новинари за нивното пишување не е прифатливо во едно демократско општество, но, вели, Кежаровски не е притворен заради неговото пишување, туку затоа што е обвинет за повреда на Законот за заштита на сведоци, што е пропишано како кривично дело .

„Непримерно е да се доставува копија од ова писмо на претседателот на Кривичниот совет на Основниот Суд Скопје И, бидејќи колку и да е тоа добронамерно, истото може да биде сфатено како своевиден притисок на судот, што верувам не е Ваша интенција. Од истите причини, би сакал да истакнам дека е непримерно да барате и асистенција од мене, како претседател на Владата, да Ви се дозволи да го посетите г. Кежаровски во притвор. Посетата на притвореници е прецизно регулирана со Законот за кривична постапка, каде што таксативно е наведено кој може да посети притворено лице. Јас не би се осмелил да судам дали Вие имате право или не да го посетите, туку само би истакнал дека е потребно да се поклони верба во надлежните судии, кои се единствено овластени да одлучат на кого може да му се дозволи да направи посета и дека секоја интервенција на извршната власт би го поткопала уставниот поредок на земјата и би ги загрозила основните вредности на едно демократско општество“, пишува Груевски.

Владата, вели, како и во сите судски предмети, целосно се држи настрана од предметот на Томислав Кежаровски. Ниту Владата побарала да му се изрече мерка притвор на Кежаровски, ниту влијаела на надлежните судии во одлучувањето по оваа мерка.

kezarovskiobsepremier

Би можело да ве интересира

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он05/05/2025 - 20:01

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

Горан Наумовски15/12/2024 - 11:08

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски12/11/2024 - 08:1212/11/2024 - 10:30

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on10/05/2024 - 12:36

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Предраг Петровиќ25/04/2024 - 15:56

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on13/03/2024 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен